August 18, 2011

За нас


WAP-ALTO вашиот партнер за успех       

                                                                                             



Фирмата ВАП МАК, Скопје, формирана во 1993 година, е генерален застапник на компанијата Nilfisk-ALTO од Данска, претходно позната како WAP-ALTO.

ВАП МАК увезува, продава и сервисира апарати од Nilfisk-ALTO, еден од светските најголеми снабдувачи на професионална опрема за чистење со продажни салони во повеќе од 80 земји во светот и 3800 вработени. Седиштето на компанијата е во Данска, со производствени погони во Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Кина, Италија и Северна Америка, а е застапена во повеќе европски земји, Северна Америка и Азија.

Компанијата Nilfisk-ALTO произведува комерцијална и професионална опрема за одржување на хигиена и чистота во неколку сектори, и тоа: земјоделство, домаќинство, градежништво, автоиндустрија, прехрамбена индустрија, јавни и комерцијални објекти. Нивната примена е неограничена. Може да се користат за суво и водено чистење на домови, јавни тоалети, канцеларии, магацини, ресторани, супермаркети, хотели, спортски комплекси, трговски центри, градилишта... Оваа опрема служи за создавање и одржување на хигиенски услови во кругот во кој се извршуваат секојдневните и работните обврски.

Визија

Визијата на нашата компанија е

  • да се развиеме во глобален лидер на пазарот на професионална опрема за чистење
  • да ги снабдиме купувачите со иновативни производи со висока вредност
  • да претставуваме атрактивна компанија за нашите вработени


No comments:

Post a Comment