November 30, 2011

Избор на високо притисен апарат – Како да ги споредуваме моделите?

Избирањето на високо притисен апарат совршен за вашите потреби можеби ви претставува потешкотија поради големиот број производители на разновидни модели. Како да ги споредуваме моделите со цел да направиме правилен избор?
Следете ги овие 5 брзи и лесни чекори:

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИЗВОРОТ НА СТРУЈА: електрична или бензинска?

Електричните високо притисни апарати се обично полесни и поевтини.
Бензинските модели немаат потреба од извор на електрична струја, поиздржливи се и бараат помалку време за извршување на задачите, но се побучни и поради испуштањето на гасови мораат да се користат на отворен простор.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИЗВОРОТ НА ВОДА: со топла или ладна вода?  

Високо притисните апарати со топла вода се корисни за примена при тешки индустриски задачи. Високо притисните апарати пак со ладна вода нудат голема брзина, лесни се за движење и употреба и економични во однос на цената.

ИЗБЕРЕТЕ ЈА МАРКАТА НА МОТОРОТ

Внимателно размислете при изборот на моторот на вашиот апарат. Препорачливо е да изберете високо притисен апарат со мотор од позната марка! Совет е да не избирате мотор на кој пишува „исто како Хонда“.
Со избирање на мотор од непозната марка сами си ги барате проблемите во однос на издржливоста, гаранцијата, поправката и резервните делови.

ИЗБЕРЕТЕ ЈА МАРКАТА НА ПУМПАТА

Запомнете, квалитетот на пумпата е онолку важен колку и квалитетот на моторот! Пумпата го создава притисокот на водата кој што ви ја дава силата и моќта на чистење.
Најдобриот модел на пумпа е позната аксијална пумпа.

СПОРЕДЕТЕ ГИ ПОКАЗАТЕЛИТЕ

Значи, ги одбравте изворот на струја, изворот на вода, марката на моторот и пумпата. И сега што?

Сега може да започнете да ги споредувате останатите показатели користејќи ги двата основни показатели за високо притисни апарати:
·         Повратниот удар (cleaning impact), или силата која што апаратот е способен да ја произведе. Препорачливи се високо притисни апарати со показател минимум 2.25 (кг/сила).
·         Протокот на вода искажан преку л/час.

И тоа би било сè!

November 22, 2011

Не ризикувајте, чистете го вашиот канцелариски простор


Nilfisk Alto Saltix 3
Многу од луѓето оваа зима заболуваат од вирусни болести, а некои за жал и умираат од тоа. За да не се доведете себеси до таква ситуација, најважно е да ја одржувате средината здрава, а најдобар начин да го постигнете тоа е со чистење на канцеларискиот простор во кој работите.

Основните работи коишто можете да ги направите се чистење на кваките на вратите, како и телефонските слушалки и собирање на прашината и нечистотијата која постојано се создава.

Постои многу прашина и нечистотија, којашто оди во воздухот, предизвикувајќи заболувања. Оваа прашина треба редовно да се смука за да се заштитиме од појавата на болести. Важно е канцелариите да се одржуваат чисти со цел да го зачуваме нашето здравје. Без разлика дали станува збор за прашината на работната маса или на различните типови подови,  или пак едноставно за нечистотија донесена од надворешната средина, одржувањето на чиста и уредна средина не е добро само за изгледот на канцеларијата, туку и за вашето тело.

Затоа практикувајте редовно чистење на просторот што ве опкружува. Нашиот живот зависи од тоа.

October 12, 2011

СПЕЦИЈАЛЕН САЕМСКИ ПОПУСТ


Искористете го специјалниот саемски попуст од 5 – 7% на целата гама на производи, само на Технома 2011!

И оваа година, досегашниот специјален саемски попуст, заедно со другите поволности Ви ги овозможуваме за време на саемот Технома 2011, 18-21 октомври.

Изборот е ваш, Ве очекуваме!

August 31, 2011

Ја објавивме нашата нова интернет страница!


Ни претставува особена чест и задоволство да Ви ја претставиме нашата нова интернет страница www.vap.mk, богата со информации за целокупната гама произоди и услуги кои ги нудиме. Нашата нова страница е дизајнирана да овозможи целосна поддршка и информации кои ќе обезбедат одговор на сите Ваши прашања, а секако претставува лесно и удобно средство за Ваш контакт и поврзување со нашиот тим.

Во ВАП МАК, ние секогаш сериозно сме ја разбирале грижата за клиентите, слушајќи Ве и разговарајќи со Вас, земајќи ги во предвид Вашите погледи и размислувања. Дизајнот и содржината на нашата нова интернет страница се резултат на многубројни неформални истражувања кои ги проведовме во последната година, и така создадовме интернет страница ориентирана кон клиентите. Таа е всушност нашето комуникациско средство за содзавање на поблизки односи со Вас, нашите партнери и клиенти.

Структурата на интернет страницата е дизајнирана да овозможи лесна навигација, лесно снаоѓање и достап до содржините од Ваш интерес. Дизајнирана со нов и иновативен изглед, нуди удобен формат и множество од функции да ви помогнат за лесен избор на потребниот производ.

Пазарот денес е конкурентен. Вие, клиентите, со право очекувате добри зделки и професионална услуга. Во ВАП МАК, иако знаеме дека производите се со врвен квалитет и меѓу најдобрите на пазарот, нашата предност е што во исто време Ве слушаме и Вас, нашите клиенти, и како резултат на тоа продолжуваме да ги подобруваме нашите производи и услуги за да ги задоволиме Вашите потреби сега и во иднина.

Ве повикуваме слободно да ја проверите и разгледте нашата нова интернет страница www.vap.mk, со надеж дека ќе ви се допадне! И додека сте таму, би можеле да одвоите и малку од Вашето време за пополнување на контакт формата, да ни го кажете вашето мислење. Ние постојано се стремиме кон нови и подобрени начини да се поврземе со Вас.

Покрај ова, доколу сте заинтересирани, постојат и други начини да останеме во контакт и поврзани, а вие константно информирани за ВАП МАК. Проверете го нашиот блог http://vapmak.blogspot.com/ или следете ја нашата facebook страница http://www.facebook.com/pages/VAP-MAK/148660848512765.

August 18, 2011

Контактирајте не!

Сакате да воспоставите контакт со нас? Погледнете ги контакт информациите на нашиот сајт и мапата за полесно снаоѓање.

Брошури

Сакате детално да се запознаете со апаратите кои ќе ги олеснат секојдневните ваши работни задачи за чистење? Повелете погледнете!

Производи

Погледнете ја целокупната гама на прозводи кои ги нудиме за вашите единствени потреби!


Нашите задоволни клиенти

http://vap.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=60&Itemid=124&lang=mk