May 31, 2010

FLOORTEC 480 M – мануелен апарат за чистење (метење) на подови

FLOORTEC 480 M, идеален за внатрешно и надворешно одржување на цврсти подови.

FLOORTEC 480 M е идеално решение за метење на мали количества на сува прав, песок, лименки, шишарки, цигари и сл., како во отворени, така и во затворени простори.

Типична примена наоѓа во магацини, фабрики, паркови за коли, трговски центри, училишта, хотели, бизнис центри, автобуски/железнички станици, гаражи и домаќинства.

Грубата некорозивна рамка го прави мануелниот метач многу стабилен. Заедно со двете главни и странични метли, овој апарат е екстремно ефикасен, 5 пати побрз од традиционалната метла.

Понатака, метачот е многу лесен и силен, опремен со рачка за носење и лесно празнење.

FLOORTEC 480 M ги одржува вашите простори презентабилни без тешка работа.



Отстранување на прав, песок, отпадоци, листови, и др.

Главната метла лесно се мести во 4 позиции без употреба на алат

Капакот може да остане отворен за лесно фрлање на поголеми предмети или истурање на цела канта за отпадоци во него

Дизајнот на рачката овозможува лесно складирање на апаратот, дури и во вертикална положба, закачен на ѕид