November 22, 2011

Не ризикувајте, чистете го вашиот канцелариски простор


Nilfisk Alto Saltix 3
Многу од луѓето оваа зима заболуваат од вирусни болести, а некои за жал и умираат од тоа. За да не се доведете себеси до таква ситуација, најважно е да ја одржувате средината здрава, а најдобар начин да го постигнете тоа е со чистење на канцеларискиот простор во кој работите.

Основните работи коишто можете да ги направите се чистење на кваките на вратите, како и телефонските слушалки и собирање на прашината и нечистотијата која постојано се создава.

Постои многу прашина и нечистотија, којашто оди во воздухот, предизвикувајќи заболувања. Оваа прашина треба редовно да се смука за да се заштитиме од појавата на болести. Важно е канцелариите да се одржуваат чисти со цел да го зачуваме нашето здравје. Без разлика дали станува збор за прашината на работната маса или на различните типови подови,  или пак едноставно за нечистотија донесена од надворешната средина, одржувањето на чиста и уредна средина не е добро само за изгледот на канцеларијата, туку и за вашето тело.

Затоа практикувајте редовно чистење на просторот што ве опкружува. Нашиот живот зависи од тоа.