December 13, 2010

Пиштолот распрскувач награден за корисничка удобност

ERGO 2000 пиштолот распрскувач за високопритисни апарати штотуку се здоби со една од ценетите награди за дизајн поради неговото високо ниво на ергономија и позитивен ефект при корисничките услови на работа.

Пиштолот ERGO 2000 за високопритисни апарати е солидно позициониран како најергономично и удобно решение на пазарот. Освен модерниот и лесен за употреба дизајн, пиштолот ја редуцира потребната сила на раката или прстите за активација на чкрапалото. Колку повеќе сила се употребува, толку корисникот е поуморен и толку е поголем ризикот за повреда по долготрајна употреба.



Двоен позитивен ефект

Andrew Caddick, менаџер во групата, кажа: „Ние сме многу среќни за оваа награда и веруваме дека сме ја заслужиле. Нашите тимови за развој на производи секогаш обрнуваат посебно внимание на условите за работа на крајните потрошувачи. Веруваме дека тоа има двоен позитивен ефект, како за крајните корисници, така и за клиентите. Колку се полесни нашите апарати за употреба, толку повеќе време крајните корисници може да потрошат на фокусирана чистачка активност“.

Новиот дизајн удобно се прилагодува на раката. Големиот простор кај чкрапалото овозможува удобна употреба за луѓе со поголеми раце или за луѓе кои користат ракавици. Како додаток на основните карактеристики, Nilfisk-ALTO додаде потполно нов VarioPress регулатор. Овој мал чкрапец служи за прилагодување на притисокот/протокот со само еден прст – и е лесно пристаплив близу до главното чкрапало.

Новиот пиштол Ergo 2000 поставува ненадминливи стандарди во следните две области:

  • Смалување на силата за активација од 25% во однос на претходниот модел и 45% споредено со конкурентните модели
  • Смалување на силата за држење од 26% во однос на претходниот модел и 55% споредено со конкутентните модели

October 11, 2010

NEPTUNE 2 SPECIAL – мобилен компактен високопритисен апарат

NEPTUNE 2 SPECIAL – високопритисен апарат со мотор од 1450 вртежи во минута

NEPTUNE 2 SPECIAL е опремен со мотор од 1450 вртежи во минута, со што се овозможува подолг животен век, како и пониско ниво на бучавост.


NEPTUNE 2 SPECIAL се карактеризира со:

  • Мотор со 1450 вртежи во минута со значително подолг работен век и редуцирано ниво на бучавост
  • 26% помала големина за полесно складирање и транспорт
  • 16-21% помала потрошувачка на гориво
  • До 35% подолго работење со еден полн резервоар
  • 100% мобилност

Плус основните Nilfisk-ALTO вредности:

  • Сигурност
  • Непобедлива ергономија
  • Совршени перформанси на чистење
  • Ergo 2000 Plus додатоци

Новиот NEPTUNE 2 SPECIAL доаѓа со вертикален дизајн, што овозможува лесно складирање, а исто така и цврсто закачување во облик на полу-стационарна единица. Оптималниот дизајн со големи тркала го прави лесен за буткање и влечење на нерамни површини.

Апаратот вклучува голем дел од традиционалните карактеристики на поголемите машини:

  • EcoPower бојлер
  • Duo Мотор
  • Функција за автоматски старт/стоп
  • Сензор за оган
  • Сензор за намалено гориво
  • Керамички клипови
  • Додатоци за оптимално удобно ракување

NEPTUNE 2 SPECIAL е идеална машина за трговци и помали гаражи кои имаат потреба од компактна машина, лесна за движење и употреба.

NEPTUNE 2 SPECIAL нуди совршена машина во однос на ергономија и редуцирани оперативни трошоци.

May 31, 2010

FLOORTEC 480 M – мануелен апарат за чистење (метење) на подови

FLOORTEC 480 M, идеален за внатрешно и надворешно одржување на цврсти подови.

FLOORTEC 480 M е идеално решение за метење на мали количества на сува прав, песок, лименки, шишарки, цигари и сл., како во отворени, така и во затворени простори.

Типична примена наоѓа во магацини, фабрики, паркови за коли, трговски центри, училишта, хотели, бизнис центри, автобуски/железнички станици, гаражи и домаќинства.

Грубата некорозивна рамка го прави мануелниот метач многу стабилен. Заедно со двете главни и странични метли, овој апарат е екстремно ефикасен, 5 пати побрз од традиционалната метла.

Понатака, метачот е многу лесен и силен, опремен со рачка за носење и лесно празнење.

FLOORTEC 480 M ги одржува вашите простори презентабилни без тешка работа.



Отстранување на прав, песок, отпадоци, листови, и др.

Главната метла лесно се мести во 4 позиции без употреба на алат

Капакот може да остане отворен за лесно фрлање на поголеми предмети или истурање на цела канта за отпадоци во него

Дизајнот на рачката овозможува лесно складирање на апаратот, дури и во вертикална положба, закачен на ѕид

May 11, 2010

Twister Pads – систем за чистење со дијаманти

Twister Pads – веќе е лесно достигнувањето на совршен под

DCS - Diamond Cleaning System (системот за чистење со дијаманти) е нов начин за механичко третирање и одржување на подови со помош на микроскопски дијаманти. Системот е дел од револуцијата за еколошко прилагодени производи.

Twister™ е револуционерен систем за чистење составен од падсови за под создадени со милиони микроскопски дијаманти кои механички го чистат и полираат подот без употреба на хемикалии. Twister™ може да се користи на секакви површини, како природен камен, бетон, винил, мермер, линолеум. Twister™ е алатката која што го претвора вашиот оштетен под во чист, сјаен и полиран под.

Twister™ е механички метод за чистење кој бара само вода при дневното чистење. Дијамантската страна на подлогата е обоена и служи како индикатор – кога бојата ќе исчезне, дијамантите се завршени. Twister™ ја елиминира потребата од употреба на хемикалии и ја намaлува потребата од периодично одржување на подовите.

Еколошко чистење, само со додавање на вода

Доколку е потребен екстра висок сјај, тогаш се употребува Twister™ зелениот падс за суво, екстра брзо полирање на подот. Овој процес може да се изведува на секаков вид на под без употреба на хемикалии. Twister™ падсот може да се употребуваат на мотор до 3500 РПМ.

  • Намалено време за чистење
  • Екстремна чистота
  • Висок сјај
  • Непотребно периодично полирање и одржување
  • Без хемикалии, единствено употреба на вода во секојдневното одржување
  • Twister™ падсот одговараат на сите типови машини
  • Twister™ со долг животен век
  • Идеални за суво и брзо полирање на подови, погодни за употреба до 3500 РПМ

Покрај зелениот Twister™ пад, тука се и белиот и жолтиот, создадени за длабинско чистење и ефективно отстранување на гребнатини и претоварање на подот од рапав и нечист во чист и сјаен. И сето тоа, без употреба на хемикалии.

При длабинско чистење на под од природен камен или мермер, препорачливо е да се користи сапун за камен, како Twister™ Floor Conditioner за навлажнување на каменот и спречување на неговото исушување. За сите други видови на подови, доволно е само употреба на вода за длабинско чистење и подобрување.

Длабинското чистење и подобрување се процеси кои најчесто нема потреба да се прават доколку подот секојдневно се чисти со зелениот пад.