August 31, 2011

Ја објавивме нашата нова интернет страница!


Ни претставува особена чест и задоволство да Ви ја претставиме нашата нова интернет страница www.vap.mk, богата со информации за целокупната гама произоди и услуги кои ги нудиме. Нашата нова страница е дизајнирана да овозможи целосна поддршка и информации кои ќе обезбедат одговор на сите Ваши прашања, а секако претставува лесно и удобно средство за Ваш контакт и поврзување со нашиот тим.

Во ВАП МАК, ние секогаш сериозно сме ја разбирале грижата за клиентите, слушајќи Ве и разговарајќи со Вас, земајќи ги во предвид Вашите погледи и размислувања. Дизајнот и содржината на нашата нова интернет страница се резултат на многубројни неформални истражувања кои ги проведовме во последната година, и така создадовме интернет страница ориентирана кон клиентите. Таа е всушност нашето комуникациско средство за содзавање на поблизки односи со Вас, нашите партнери и клиенти.

Структурата на интернет страницата е дизајнирана да овозможи лесна навигација, лесно снаоѓање и достап до содржините од Ваш интерес. Дизајнирана со нов и иновативен изглед, нуди удобен формат и множество од функции да ви помогнат за лесен избор на потребниот производ.

Пазарот денес е конкурентен. Вие, клиентите, со право очекувате добри зделки и професионална услуга. Во ВАП МАК, иако знаеме дека производите се со врвен квалитет и меѓу најдобрите на пазарот, нашата предност е што во исто време Ве слушаме и Вас, нашите клиенти, и како резултат на тоа продолжуваме да ги подобруваме нашите производи и услуги за да ги задоволиме Вашите потреби сега и во иднина.

Ве повикуваме слободно да ја проверите и разгледте нашата нова интернет страница www.vap.mk, со надеж дека ќе ви се допадне! И додека сте таму, би можеле да одвоите и малку од Вашето време за пополнување на контакт формата, да ни го кажете вашето мислење. Ние постојано се стремиме кон нови и подобрени начини да се поврземе со Вас.

Покрај ова, доколу сте заинтересирани, постојат и други начини да останеме во контакт и поврзани, а вие константно информирани за ВАП МАК. Проверете го нашиот блог http://vapmak.blogspot.com/ или следете ја нашата facebook страница http://www.facebook.com/pages/VAP-MAK/148660848512765.

No comments:

Post a Comment