December 3, 2009

Ново збогатување на NEPTUNE линијата

Nilfisk-ALTO ја збогатува успешната NEPTUNE медиум и премиум линија на професионални високопритисни апарати со топла вода.

Новите NEPTUNE 4 FA и NEPTUNE 5 FA се опремени со новата верзија на NA5 пумпата со топла вода. Оваа пумпа, веќе присутна во верзија со ладна вода кај POSEIDON 5, е пумпа со 3 керамички клипови, придвижувана од мотор со 1450 вртежи во минута.

NEPTUNE 7 FA линијата е опремена со добро познатата C3 пумпа за супериорна издржливост. Сите 3 модели со топла вода се опремени со автоматски систем за активација при проток на вода.Овој систем го користи движењето на водата со цел да прати импулси за вклучување и исклучување на моторот.

Спореден со системот за активација при притисок, новото решение нуди неколку предности:

  • Полесно маневрирање со цревата, лесни и сигурни за движење
  • Продолжување на животниот век на моторот.

Терминот ФА во името на производот означува дека апаратот е опремен со систем за активирање при проток на вода.

August 27, 2009

Кога сигурноста е најважна

Nilfisk-ALTO претставува нова линија на сигурносни смукалки

Оваа линија се состои од 12 смукалки, Attix 30, 40 и 50 сигурносни смукалки. Оваа нова платформа на апарати од –М и –Х класата, вклучува подобрени перформанси и согласност со најновите прописи за сигурносни смукалки.


Апаратите вклучуваат –М класа одобрување за опасен прав, означувајќи средно (Медиум) опасни услови на работа и –Х класа, високо опасни услови, како на пример смукање на азбест, каде правот е опасен за здравјето на работникот. Моделот -22 од оваа линија е одобрен за работа со запалива прав.

Различните модели поседуваат различен систем за чистење на филтерот, меѓу кои Push&Clean или XtremeClean филтер системот. Двата системи се создадени со цел да се оптимизира вшмукувањето на прав и оперативната ефикасност. Push&Clean системот одржува постојано вшмукување, го продолжува траењето на филтерот и заштедува трошоци, додека XtremeClean нуди високо ефикасен и лесен за активирање автоматски систем за чистење на филтерот.

Nilfisk-ALTO ја воведе оваа линија фокусирајќи се на зголемениот интерес за собирање на опасна прав, како и зголемениот пазар за професионални сигурносни смукалки. Овие смукалки имаат подобрени перформанси, специјализирани додатни делови, нов материјал за филтрација и нови сертификати за ефикасност на филтерот.

Грижа за околината

Менаџирањето на околината претставува одговорност за грижа кон природните ресурси и одговорно управување со нив за сегашните и следните генерации.

Нашите технологии овозможуваат квалитетно внатрешно и надворешно живеење, намалувајќи го лошиот ефект на чистењето врз надворешната средина. Наша цел е да постигнеме повеќе, но со помалку – симултано го подобруваме нашето однесување кон околината додека ги намалуваме трошоците. Тоа го правиме создавајќи технологии кои ја намалуваат употребата на хемикалии, енергија и вода – а сеуште овозможувајќи високо квалитетно чистење.

Оптималното рециклирање на производите започнува уште при концептот и дизајнот на производот. Нашите инженери го евалуираат еколошкиот ефект на производот преку целиот негов животен век и диктираат поголема употреба на рециклирачки материјали и план како тие ќе бидат преработени по употребата.

Nilfisk-Alto се посветува на:

  • Одржување на здрави внатрешни средини
  • Дизајнирање на продукти кои овозможуваат најниско влијание врз околната средина, како за време на употребата, така и по завршување на работниот век на производот
  • Практикуваме одговорен откуп на материјали користени за дизајн на нашите производи и операции
  • Производство на нашите производи преку процеси со најмало влијание врз околната средина
  • Едукација на нашите клиенти, партнери и индустријата за одржливите и одговорни практики за чистење