Избирањето на високо притисен апарат совршен за вашите потреби можеби ви претставува потешкотија поради големиот број производители на разновидни модели. Како да ги споредуваме моделите со цел да направиме правилен избор?
ИЗБЕРЕТЕ ГО ИЗВОРОТ НА СТРУЈА: електрична или бензинска?
Електричните високо притисни апарати се обично полесни и поевтини.
Бензинските модели немаат потреба од извор на електрична струја, поиздржливи се и бараат помалку време за извршување на задачите, но се побучни и поради испуштањето на гасови мораат да се користат на отворен простор.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ИЗВОРОТ НА ВОДА: со топла или ладна вода?
Високо притисните апарати со топла вода се корисни за примена при тешки индустриски задачи. Високо притисните апарати пак со ладна вода нудат голема брзина, лесни се за движење и употреба и економични во однос на цената.
ИЗБЕРЕТЕ ЈА МАРКАТА НА МОТОРОТ
Внимателно размислете при изборот на моторот на вашиот апарат. Препорачливо е да изберете високо притисен апарат со мотор од позната марка! Совет е да не избирате мотор на кој пишува „исто како Хонда“.
Со избирање на мотор од непозната марка сами си ги барате проблемите во однос на издржливоста, гаранцијата, поправката и резервните делови.
ИЗБЕРЕТЕ ЈА МАРКАТА НА ПУМПАТА
Запомнете, квалитетот на пумпата е онолку важен колку и квалитетот на моторот! Пумпата го создава притисокот на водата кој што ви ја дава силата и моќта на чистење.
Најдобриот модел на пумпа е позната аксијална пумпа.
СПОРЕДЕТЕ ГИ ПОКАЗАТЕЛИТЕ
Значи, ги одбравте изворот на струја, изворот на вода, марката на моторот и пумпата. И сега што?
Сега може да започнете да ги споредувате останатите показатели користејќи ги двата основни показатели за високо притисни апарати:
· Повратниот удар (cleaning impact), или силата која што апаратот е способен да ја произведе. Препорачливи се високо притисни апарати со показател минимум 2.25 (кг/сила).
· Протокот на вода искажан преку л/час.
И тоа би било сè!