Практичен одговор за чистење на мали површини. SCRUBTEC 233 претставува уникатна комбинација од компактен дизајн, ефикасно чистење и сушење. SCRUBTEC 233 нуди највисок притисок во неговата класа. Дизајниран за чистење и сушење на подови во ограничени простори, овој апарат е наменет за употреба во ресторани, хотели, училишта, гаражи и секаде каде што вообичаено се употребува апарат со еден диск заедно со смукалка. SCRUBTEC 233 поседува четки/падс со притисок до 18 кг за да се осигури ефикасно чистење. Понатака, двојната ламела овозможува смукање во двата правци, и нанапред и наназад. Со додавање на специјални додатоци SCRUBTEC 233 може исто така да се користи и за чистење на тепих/тапацир во канцеларии/мебел/седишта во кола, итн.
Совршена стапка на продуктивност! |
September 25, 2008
Нов чистач на подови од Nilfisk-ALTO
August 27, 2008
POSEIDON 1 – компактен партнер за секојдневно чистење
Nilfisk-ALTO ја лансираше идеалната машина за секојдневни работни задачи за одржување на хигиена
Новиот POSEIDON 1 е соодветен за дневна употреба со мал интензитет, на пример од страна на мали трговци, или за чистење на опрема и возила во мали фарми.
POSEIDON 1 означува:
- Компактен дизајн
- Високи перформанси на чистење
- Непобедлива ергономија
- Разновидна професионална опрема за прскањe
POSEIDON 1-20 XT доаѓа опремен со разновидна и лесна за употреба професионална опрема:
- 15м црево
- FlexoPower цевка со функции за висок и низок притисок
- Tornado Plus дизна
- TurboHammer цевка
- Ergo 1000 пиштол распрскувач
February 28, 2008
Нова линија на апарати за чистење на подови со возење од Nilfisk-ALTO

Nilfisk-ALTO ја претстави новата SCRUBTEC R3 линија на апарати за чистење подови со возење
Овие компактни и разновидни единици се дизајнирани да ја пополнат празнината помеѓу апаратите со буткање и поголемите апарати со возење. Тие се достапни во 3 различни големини според можната површина за чистење – 61 цм, 66 цм и 71 цм, како и со променлива платформа за чистење. SCRUBTEC R3 линијата е наменета за полесни задачи каде што се најважни брзината и ниското ниво на бучавост. Типична примена наоѓаат при чистење на болници, супермаркети, мали магацини, гаражи, училишта, спортски и бизнис центри. Овие апарати вклучуваат важни карактеристики, како 75 литарски контејнер за вода со цел да се намали потребата од постојано дополнување, акумулатор, лесен достап до компонентите за чистење и сервисирање. Компактната големина и лесната управливост на овие апарати овозможува лесно чистење во натрупани простори, а поминуваат низ класични врати и отвори. |